Барса и Реал ќе отседнат во ист хотел пред „Ел Класико“ и заедно ќе одат на стадион

by
1 минути читање

Барселона и Реал
Мадрид ќе отседнат во ист хотел пред „Ел Класик“ и заедно ќе се упатат кон
стадионот. Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека „каталонците“ морале да
направат промени на рутината и да се сместат во хотел, нешто што е нетипично
кога играат на домашен терен.

Групата „Цунами
Демократик“ најавија голем протест и блокада на улиците околу Камп Ноу во
среда, па поради безбедносни причини, Барселона ќе отседне во хотелот Софија, каде
фудбалерите ќе треба да се пријават на пладне.

Интересно е тоа
што и делегацијата на Реал Мадрид ќе биде сместена во овој хотел, поради неговата
локација, односно 500 метри одалеченост од Камп Ноу.

Според емисијата Хугонес,
на два часа пред почетокот на мечот, двата тима заедно ќе тргнат кон стадионот,
секако во различни автобуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×