Украинецот Роман Зозулиа се врати на теренот на Рајо
Валјекано, меѓутоа како противник на таа екипа која ја напушти пред три години, сега како член на Албасете, а мечот синоќа не го дочека својот крај поради однесувањето на домашните
навивачи на гледалиштето.
Иако мечот почна,
во текот на целиот во моментите додека се играше, не сопреа свирежите кон
Зозулиа, меѓутоа ситуацијата ескалираше во моментите кога од гледалиштето се
слушнаа скандирања „Роман Зозулиа ти е*ен нацисту“.
Освен тоа, на
трибините имаше и доста навредливи содржини испишани на транспаренти, па иако
спикерот се огласи за навивачите да навиваат фер и коректно, од другата страна
тоа барање беше игнорирано, а потоа падна и конечна одлука мечот да биде
прекинат.
Од „Примера“ се
огласија по повод инцидентите на синоќешниот меч, а воедно испратија осуда за
расизмот, насилството и ксенофобијата.
Инаку, што се однесува до останатите детали од синоќешниот меч, на истиот во таборот на домашниот состав стартуваше и нашиот интернационалец, голманот Столе Димитриевски.
data-lang="en">