Конте се налути: Барате извинување од мене? Вие треба да се засрамите за тоа што се случи!

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Интер, Антонио Конте посочи дека клубот од Милано веќе
повлекол тужба против „Кориере дело Спорт“, а воедно порача дека прес-асоцијацијата
треба да се засрами.

Ситуацијата
еруптираше во саботата, кога Конте одеднаш ја откажа планираната
пресконференција како протест поради објавеното писмо од страна на „Кориере
дело Спорт“ во секцијата за писма на весникот.

Со цел да
испратиме сигнал до сите медиуми дека тие мораат да гарантираа почит кон
луѓето, ние нема да ја одржиме оваа пресконференција
“ објаснија од Интер за
откажувањето на пресот во саботата.

Сега сее во рацете на адвокатите, тоа не беше мој
избор, Интер беше тој кој работите ги увиде на лична основа, доколку треба да
поставите одреден пример, ние едноставно мораме да испратиме сигнал, порака до
сите, не само до индивидуалци
“ рече Конте во изјавата за „Скај Спорт Италија“.

Мора да постои
почит, изненадувачки, а воедно и апсурдно ми беше да гледам како
прес-асоцијацијата бара мое извинување, токму тие треба да се засрамат за тоа
што се случи
“ додаде тој.

Весниците одат
предалеку, еден ден објавуваат насловна со објаснувања за расизмот, што не
натера сите нас да се смееме во целиот свет, а друг ден објавуваат писмо пред
Синиша Михајловиќ да објави лично со каква болест боледува, иако самиот тој
побара тоа да не го објавуваат пред самиот тој да се обрати до јавноста

заклучи Конте.

Во однос на
писмото, тоа беше „потпишано“ со и-мејл од навивач на Болоња, кој во своите
коментари наведе дека кариерата на Конте докажала дека тој никогаш не покажал
добар фудбал, и покрај победите кои стојат зад неговото име, додавајќи дека ја
отфрлил Лигата на шампионите со тоа што се откажал од услугите на Мауро Икарди,
кој беше испратен на позајмица во ПСЖ, алудирајќи на елиминацијата на Интер од
групната фаза во Лигата на шампионите.

Меѓу другото, имаше и потценувачки коментари кон предводникот на Интер, кои сигурно во клубот ги зеле здраво за готово, па веќе подготвуваат тужба кон медиумот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×