Барселона и Јувентус тргнуваат по Канте

by
1 минути читање

Според информациите
кои ги објави „Ел Десмарк“ во Шпанија, се вели дека фудбалерот од средниот ред
на Челси, Н
Голо Канте е
голема желба на Барселона и Јувентус, а Французинот веќе е во нотесот на обата
европски гиганти кои го посакуваат како засилување уште во јануарскиот преоден
рок.

Нема дилеми во
тоа дека Канте е еден од клучните фудбалери на тимот од Лондон, кој веројатно е
дека посакува да го задржи во сопствените редови, меѓутоа, медиумите
известуваат дека на крајот, конечната одлука во поглед на иднината ќе ја има
самиот фудбалер.

28 годишниот
Канте последен пат стави потпис на нов договор со Челси лани во ноември, кога
се обврза на верност со клубот до 2023. година, со тоа Премиерлигашот има добра
позиција во потенцијалните преговори за негова продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×