348
Според „Газета дело Спорт“ Наполи сака да ја понуди истата сума која Арсенал ја вложи за Лукас Тореира.
Според италијанскиот весник Наполи нуди три милиони евра за позајмица на Тоерира до 2021 година со обврска потоа да доплати уште 27 милиони евра за комплетно да го откупи.
Последниот збор би требало да го има новиот тренер кој во наредниот период треба да биде назначен од раководството на Арсенал.
Ангажманот на Тореира може да биде лоша вест за Елмас кој не играше на првиот натпревар на Наполи под водство на Гатузо.