Интер за прв пат оваа сезона не постигна два гола на гостински терен и за прв пат не победи. Беше блиску до нов триумф, но не издржа до крај.
Нероазурите одлично го почнаа мечот, поранешниот легендарен играч на Фиорентина, Борха Валеро во осмата минута постигна гол за водство на Интер од 1-0. Тој разбирливо не го прослави погодокот и се извини на домашната публика.
Интер имаше неколку шанси во првиот дел да дојде и до поголема предност. Лаутаро Мартинез еднаш и ја затресе мрежата на Фиорентина, но голот беше поништен поради офсајд од Лукаку.
Кога се мислеше дека Интер ќе дојде до нова гостинска победа, фантастична соло акција направи Душан Влаховиќ и погоди за конечни 1-1.
По ова реми Интер и Јувентус се израмнети на врвот со по 39 бодови. Тимот од Милано има подобра гол разлика.