164
Арсенал се надеваше дека сега е вистински момент за меч со Манчестер Сити кој не блескаше во неколкуте изминати кола, но тимот на Пеп Гвардиола денеска изгледаше моќно.
Мечот беше отворен уште во втората минута кога Де Брајне со прекрасен шут му донесе водство на Сити од 1-0.
Веќе во 15. минута беше 2-0, овој пат Де Брајне беше во позиција на асистент, Стерлинг реализираше за сигурно водство.
На пет минути до крајот на првото полувреме уште еден гол на Де Брајне за конечна победа од 3-0.
Во второто полувреме тимот на Пеп Гвардиола само го одржуваше водството без некој поголем напор.
Арсенал одигра очаен меч и покажа дека под итно им е потребен тренер на светска класа.