Маурицио Сари почна да игра со триото Роналдо, Игуаин и Дибала од првата минута и тоа му овозможи импресивно прво полувреме на Јувентус.
Роналдо го отвори мечот уште во деветата минута, а Португалецот зголеми на 2-0 во 37. минута по асистенција од Игуаин.
Пред самиот крај на првото полувреме Бонучи погоди за предност од 3-0 на Јувентус.
По високото водство, Јувентус одигра помирен втор дел во кој Удинезе во 94. минута постигна почесен гол за конечни 3-1.
Илија Несторовски во игра влезе во 87. минута од мечот.
Милан не успеа да го искористи домашниот терен, одигра само 0-0 против Сасуоло.
Болоња оствари одличен резултат против одлична Аталанта, тимот на Синиша Михајловиќ победи со 2-1.
Претходно Верона и Торино одиграа нерешено 3-3.