184
Барселона одигра реми на гостински терен кај Сосиедад, па Реал Мадрид утре доколку го добие дербито против Валенсија ќе се издвои сам на врвот.
Мечот не почна добро за Каталонците, со гол на Оирзабал во 12. минута Сосиедад поведе со 1-0.
Пред крајот на првиот дел Гризман изедначи на 1-1, а по четири минути игра во второто полувреме Суарез погоди за комплетен пресврт и водство на Барселона од 2-1.
Во 62. минута Исак начека една одбиена топка од Тер Штеген и ја смести во мрежата за конечни 2-2.