Новиот договор му донесе двојно поголема плата, еве колку ќе заработува Клоп во иднина

by
0 минути читање

Главна вест на „островото“ вчера беше новиот договор на Јирген Клоп. Медиумите пред само неколку месеци пишуваа дека Германецот планира да паузира една година, но тој сега се обврза кон Ливерпул до 2024.

Според пишувањата на Сан, стратегот добро ќе наплати за продолжување на верноста. Весникот вели дека новиот договор на Јирген Клоп му носи двојно поголема плата и во иднина ќе заработува 15 милиони фунти.

Па Германецот заедно со Жозе Мурињо ќе биде втор најплатен тренер во Премиерлигата, на врвот е Пеп Гвардиола со 20 милиони фунти по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×