Жиру има само седум настапи под водство на Лампард, во пресрет на Европското првенство тој сака да игра регуларно со цел да добие повик од француската репрезентација.
Напаѓачот е во потрага по нов клуб а „Л’Екип“ тврди дека тој е пред потпис со Интер.
Жиру е пред договор со Интер и ќе остане само уште клубовите да се договорат за висината на обесштетувањето.
Но колку би играл тој во Интер ако се знае дека Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку креираа фантастичен тандем кој игра речиси беспрекорно.
Жиру тешко дека ќе може да седне некој од тие двајца на клупата, веројатно ќе влегува кога ќе треба да се одмори Лаутаро или Лукаку, или пак ќе игра ако некој од нив би бил повреден.
БетАдриа викенд типови: Валенсија и Реал Мадрид постигнале 50 голови на последните 13 меча