„Виолетовите“ се
наоѓаат во тешка резултатска криза и бележат низа од цели четири порази во исто
толку натпревари изминатиов период во „Серија А“, нема никакви дилеми во тоа
дека виси позицијата на Винченцо Монтела на клупата на Фиорентина.
Во Фиорентина
барем за момент се израдуваа на враќањето на Франк Рибери кој се врати на
тренинзите по повредата со која се здоби, меѓутоа радоста траеше кратко откако
Французинот се пожали на силни болки по што мораше да оди на детални медицински
испитувања.
Резултатите
утврдиле дека ветеранот ќе мора да оди на операција, по што сигурно го очекува
подолга пауза од терените, а тоа за Фиорентина секако ќе биде голем проблем ако
се земе во предвид дека без него тимот од Фиренца освои само четири бода во
шест натпревари.
36 годишниот
фудбалер од средниот ред одлично ја почна својата авантура во Италија, каде на
11 натпревари успеа да постигне два гола.