Агентите на Лаутаро преговараат со Интер, двете страни имаат голема разлика во барањата

by
2 минути читање

Големо
разочарување во Интер донесе елиминацијата уште во групната фаза од Лигата на
шампионите, меѓутоа клубот од Милано нема време за тагување и ќе мора да ги
засука ракавите во поглед на решавање на одредени клучни прашања во тимот, едно
од нив е секако Лаутаро Мартинез.

Одличниот
аргентински напаѓач кој игра во голема форма на себе привлече големо внимание
кај европските гиганти, Барселона е една од нив и посакува токму Лаутаро да
биде наследникот на Луис Суарез во нападот, откако Каталонците подолг период се
во потрага по засилување во нападот поради таа причина.

Италијанските
медиуми информираат дека Лаутаро посакува подобри услови во својот договор со
Интер, актуелниот е со важност до 2023. година, меѓутоа од друга страна пак, и
самиот клуб има свои барања, па лесно може да се заклучи дека обете страни имаат голема разлика во барањата и согласувањата за истите.

Агентите на
Аргентинецот биле во Милано за време на гостувањето на Барселона за мечот од
Лигата на шампионите кој „Нероаѕурите“ на свој терен го загубија, а тоа донесе
и низа шпекулации низ медиумите секако.

Од тоа што е до
овој момент познато, агентите на Лаутаро имале средба со челниците на Интер, што
беше и потврдено од самиот клуб, медиумите во Италија наведуваат дека обете
страни се во преговори за нов договор на напаѓачот, а истите имаат и свои
услови во преговорите.

Првата страна,
агентите на Лаутаро имаат барање клубот двојно да му ја зголеми платата на
Лаутаро, меѓутоа од Интер наводно одбиваат такво нешто, инаку моментално
Аргентинецот заработува два милиони евра од сезона.

Од друга страна
пак, од Интер бараат откупната клаузула на Лаутаро да се зголеми на 200
милиони евра, а агентите на напаѓачот одбиваат такво нешто и посакуваат сумата
да остане иста, каква што е во моментов, односно 111 милиони евра. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×