Аталанта избори
место во првата рунда од нокаут фазата во Лигата на шампионите, италијанскиот
прволигаш влезе во топ 16те екипи од тоа натпреварување, а веројатно дека ниту
најголемите поддржувачи на тимот од Бергамо не очекуваше такво нешто, со оглед
на катастрофалниот старт.
Како за
потсетување, Аталанта „настрада“ на гостувањето кај Динамо Загреб во првото
коло, откако хрватскиот првак славеше убедливо со 4-0, па многумина ги видоа
Италијанците во таа конкуренција како „швајцарско сирење“, меѓутоа во
продолжение сликата целосно се промени.
Со две победи и
едно реми во последните три кола, Аталанта се искачи на второто место во
групата, а со синоќешната убедлива победа кај Шахтер (0-3) испиша нови страници
во својата клупска историја.
Експедицијата на
Аталанта мина долг пат по гостувањето од Украина, а во Бергамо пристигнаа во 3
часот доцна синоќа по полноќ, а таму ги чекаше едно големо изненадување кое
ниту самите не го очекуваа.
Фановите на
Аталанта до доцните часови останаа за да ги пречекаат своите херои, за што
сведочат многу видеа низ социјалните мрежи, едно од нив е снимено од Мартен де
Рун, Холанѓанецот од составот на тимот од Бергамо кој објавувајќи го видеото во
прилог, напиша:
„Пристигаме во 3
часот по полноќ, не мислам дека ќе има некои навивачи на аеродромот“
„Навивачите на
Аталанта:“ објави тој,
алудирајќи на одговорот на навивачите на италијанскиот прволигаш, кој следи во
видеото…
class="twitter-tweet" data-lang="en">