Роналдо, Игуаин и Дибала сакаат да играат во трио, сакаат и фановите на Јуве, на потег е Сари

by
1 минути читање

Резултатот беше 0-0 кога во 66. минута во игра влезе Дибала и им се приклучи на Роналдо и Игуаин.

За помалку од десет минути откако влезе му асистираше на Роналдо за водство од 1-0, а потоа имаше асистенција и до Игуаин кој ги постави конечните 2-0.

„Кога играм со двајцата, Дибала и Игуаин, имаме одлично разбирање, сакам да играм и со двајцата. Се забавуваме на теренот, имаме одлична комуникација, но тренерот е тој кој ги носи одлуките а ние мора да ги почитуваме“, изјави Роналдо по вчерашниот меч.

И Дибала вели дека сите тројца сакаат да играат заедно.

„Сите ние сакаме да играме заедно. Но Сари знае дели ќе го практикува тоа или не. Денеска бевме одлични“, вели Дибала.

И фановите на Јуве сметаат дека Сари треба да игра со тоа напаѓачко трио кое се покажа дека може да биде ефективно и возбудливо.

Притисокот кон Сари е од сите страни, останува да видиме дали стратегот на Јуве ќе се одлучи за промена во тактиката и ќе почне да игра со Роналдо, Игуаин и Дибала како стартно трио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×