Младиот напаѓач
на австриски Салцбург, Ерлинг Халанд синоќа беше видно разочаран од тоа како
неговиот тим се соочи со бранителот на европскиот трофеј Ливерпул, откако
фаворитот славеше со 0-2, меѓутоа, претходно на домашен терен се намачи да
стигне до победа од 4-3.
Халанд побара од клупата шише со вода за само да го тресне од земја (ВИДЕО)
19 годишниот
напаѓач игра во голема форма, а сезонава на 22 настапи во сите конкуренции
успеа да запише неверојатен учинок од 28 погодоци, па така за кратко го
привлече вниманието кај повеќето европски гиганти.
„Скај Спортс“
извести дека скаути од дури 40 клубови го следеле настапот на Халанд на мечот
против Ливерпул синоќа,
Медиумот
истовремено информира дека Манчестер јунајтед бил еден од клубовите кои
испратил скаут во Австрија, поточно станува збор за Марсел Боут, кој бил на
гледалиштето за време на пресметката во Австрија.