„Ова е факт, не е лично мислење“ – како Челси го тролаше Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во пресрет на
последното коло во Групата Х, Челси сам одлучуваше за сопствената иднина и
победа над Лил им носеше пласман во осминафиналето. Иако често имаа падвои оваа
сезона, избраниците на Лампард одговорија на предизвикот, славеа со 2-1 и го
продолжија настапот во Лигата на шампионите.

Атмосферата на
Стемфорд Бриџ беше весела па клубот од Лондон дури реши и да го трола
Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, и
играчот кој има урнато еден куп рекорди.

За пласманот во
нок-аут фазата помогна капитенот
, Аспиликета погоди за 2-0 и го постигна својот втор гол во Лигата на
шампионите.

Па по крајот на
натпреварот, твитер профилот на Челси на шпански напиша: „Аспиликета има повеќе
погодоци од Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите оваа сезона. Ова е факт,
а не лично мислење“.

ЦР7 на пет меча
во Лигата на шампионите оваа сезона има само еден гол и големи се шансите тој
да остане на оваа бројка се до февруари/март следната година. Јувентус вечерва
гостува кај Баер Леверкузен, „старата дама“ веќе го има обезбеднео првото место во групата,
па Португалецот веројатно ќе добие одмор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×