Анчелоти и Де Лаурентис вечерва имаат состанок, Карло не си дава оставка, одлуката ќе ја донесе претседателот

by
1 минути читање

Наполи со 4-0 го победи Генк и се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, но и покрај тоа веројатно друг тренер ќе го води тимот во следната фаза од големото натпреварување.

На прес конференцијата по мечот Карло Анчелоти рече дека тој никогаш во животот не си поднел оставка па тоа нема да го направи и сега, одлуката ќе ја донесе клубот.

Италијанските медиуми пишуваат дека вечерва Анчелоти ќе има состанок со Де Лаурентис и ќе му биде кажано дека повеќе нема да биде тренер на тимот.

Се верува дека уште утре Џенаро Гатузо ќе биде назначен за нов тренер на Наполи, а Анчелоти веќе се поврзува со Арсенал и Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×