Крадци влегле во домот на Милинковиќ-Савиќ во текот на мечот со Јувентус, одзеле скапоцени предмети

by
1 минути читање

Според пишувањата
на весникот „Ил Месаџеро“, фудбалерот од средниот ред на Лацио, домот на Сергеј
Милинковиќ-Савиќ бил ограбен во текот на мечот со Јувентус, каде токму Србинот
беше творец во победата на „Лацијалите“ за прв пораз сезонава за „Старата дама“.

Милинковиќ-Савиќ
имаше одлични перформанси на мечот во Рим и во голема мера придонесе за прв
пораз на италијанскиот првак сезонава, меѓутоа, според информациите кои
пристигнуваат од таму, се вели дека тројца маскирани лица влегле во неговиот
дом за време на натпреварот на „Олимпико“.

Според
известувањата од Италија, крадците украле предмети од домот на Србинот со
вредност до 100,000 евра, а полициската истрага е во тек, досега е само познато
дека се работи за три непознати лица кои биле со маски на своите лица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×