Наполи го подготви теренот за Гатузо

by
1 минути читање

Во Италија
наведуваат дека се
е подготвено
за поранешниот тренер, а воедно и фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо да седне на
клупата на Наполи, тоа би можело да се случи уште оваа седмица.

„КалчоНаполи24“
известува дека Гатузо ќе биде назначен за нов тренер на Наполи во среда, а тоа
значи дека тимот од Неапол и дефинитивно ќе му врачи отказ на Карло Анчелоти,
нешто што се најавува извесен период.

Чиро Венерато за
претходно наведениот медиум објаснува дека агентот Жорге Мендеш успешно
посредувал во преговорите помеѓу Гатузо и претседателот на Наполи, Аурелио Де
Лаурентис, а веќе наводно е постигнат договор помеѓу обете страни.

Сево ова доаѓа
откако „Тутоспорт“ претходно пренесе дека Гатузо денеска треба да има средба со
Де Лаурентис, а како што стојат работите, се чини дека популарниот „Рино“ без
разлика на тоа што ќе се случи на мечот против Генк, Наполи ќе има нов тренер
веќе идниот ден.

На Наполи очајно
му е потребна победа на утрешниот меч против белгискиот претставник на домашен
терен, со оглед на фактот што има само два бода предност во однос на
третопласираниот Салцбург, кој на домашен терен го совлада италијанскиот
вицепрвак убедливи 6-2, а во Неапол извлече реми со резултат 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×