Напаѓачот на
Арсенал, како и капитен на тој состав, Пјер-Емерик Обамејанг, според
информациите кои пристигнуваат од Островот се повлекол од преговорите со клубот
за нов договор, а тоа се случува во пресрет на вечерашното гостување кај „Вест
Хем“ во градското дерби на Лондон.
Арсенал и онака е
во големи проблеми, откако тимот од Лондон бележи низа од цели осум меча без
победа, следеше отказ за Унаи Емери, по што на клупата седна Фреди Љунберг, но,
ни тоа не помогна, а најновата вест од клубот сигурно не е на арно.
Габонецот е
голема желба на Реал Мадрид, се чини и самиот напаѓач има нескриена желба да се
пресели во редовите на „Кралскиот клуб“, претходно во раната фаза од неговата
кариера отворено откри дека му ветил на својот дедо дека еден ден ќе игра во
дресот на шпанскиот гигант.
„Сан“ тврди дека
чашата е веќе прелиена во ситуацијата со Арсенал во однос на статусот со
Обамејанг, а тоа најмногу се должи поради фактот што „Топчиите“ заостануваат
многу во однос на големите гиганти низ Европа.
30 годишниот
напаѓач има уште 18 месеци од својот актуелен договор со Арсенал, откако му се
приклучи на Премиерлигашот по трансферот од Борусија Дортмунд во 2018. година
за околу 60 милиони фунти.
Освен Реал
Мадрид, извесен период се споменува и Барселона, која од поодамна е во потрага
по наследник на Луис Суарез во нападот, а токму Обамејанг е една од опциите.