Моментално
лидерот во „Серија А“, тимот на Интер е сериозен во намерата да ги засили
своите редови со шпанскиот бек од редовите на Челси, Маркос Алонсо, а наводно „Нероаѕурите“
посакуваат да го ангажираат уште во јануарскиот преоден рок.
Алонсо лани
потпиша долгогодишен договор со Челси со важност до 2023. година, меѓутоа,
впечатокот е дека се’ тргна
на лошо за Шпанецот од тој момент, дотогаш играше во одлична форма, а потоа
истата рапидно падна, па дури и го загуби првотимскиот статус, особено по
доаѓањето на Френк Лампард на клупата на „Сините“ од Лондон.
Лампард го
преферира Емерсон како избор број еден на левата бековска позиција во Челси, а
според информациите кои ги објави „Кориере дело Спорт“, се вели дека во Интер
посакуваат да профитираат од таа ситуација во Челси.
Се верува дека
Интер ќе тргне по 28 годишниот Шпанец уште во јануари, меѓутоа, барем засега
нема детални информации околу тоа каква би била понудата од Милано.