Реал Мадрид го совлада Еспањол и стана првиот тим кој стигнал до 1700 победи во историјата на Примера! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Голем јубилеј на Реал Мадрид, 1700 победа во Примера. Кралскиот клуб ја оправда улогата на фаворит и без многу мака го совлада Еспањол.

Отпорот на тимот од Барселона траеше до 37. минута кога по асистенција од Бензема, Варан постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.

На втор гол се чекаше до 80. минута кога по убава асистенција од Валверде, Бензема постигна гол за 2-0, сите дилеми околу победникот беа решени тука.

Реал Мадрид натпреварот го заврши со 10 фудбалери откако Менди заработи втор жолт картон во 83. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×