207
Арсенал синоќа ја продолжи лошата форма откако на свој терен загуби од Брајтон со 2-1.
Необичен настан се случи во финишот од мечот. Обамејанг наеднаш излезе од теренот и се врати за помалку од пет минути. Морал да отиде до тоалет, а неговиот излет не го ни приметил тренерот Фреди Љумберг.
„Тој излезе и се врати за две-три минути. Кога се чувствувате лошо се чувствувате лошо, тука не може ништо да се промени“, вели Љумберг.
„Јас не ни забележав кога тој го напушти теренот, само го видов како се враќа откако го немаше неколку минути“.