Зидан уште сега почнува да го боли глава за „Ел класико“, Азар нема да игра, Марсело речиси отпишан, Бејл неизвесен

by
1 минути читање

Барселона ќе го пречека Реал Мадрид на 18. декември, но уште на десетина
дена пред големото дерби, Зинедин Зидан има главоболки.

Еден Азар се повреди на дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите, во прв
момент се веруваше дека не е ништо сериозно и дека играчот ќе отсуствува десетина
дена. Но „кралевите“ денеска  соопштија дека
деталните тестови покажале микрофрактура на скочниот зглоб и тој ќе  мора да паузира. Реал Мадрид не откри колку долго
Белгиецот ќе биде надвор од стројот, но медиумите шпекулираат со временска
рамка од четири до шест недели.

Повреда оваа недела заработи и левиот бек Марсело, медиумите пишуваат дека Бразилецот
е речиси отпишан и мали се шансите за тој да се опорави на време за дуелот со
Барселона.

Проблемите не застануваат тука, повреда има и Герет Бејл. Велшанецот сигурно ќе го пропушти дуелот со Еспањол
како и пресметката со Бриж во Лигата на шампионите. За дуелот со Валенсија е
неизвесен и најверојатно нема да се ризикува ништо за да му се даде шанса на
фудбалерот да биде фит за гостувањето на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×