19 годишниот напаѓач го привлече вниманието на голем
број клубови од стариот континент со одличните партии за Салцбург во Лигата на
шампионите каде има осум погодока на пет меча и собори неколку рекорди.
Манчестер јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен се
имињата кои најчесто се поврзуваат со Ерлинг Халанд и се шпекулира дека
неговиот трансфер може да чини и до 100 милиони евра.
Но според денешното издание на Билд, Норвежанецот во јануари може да биде
купен за прилично смешна сума. Весникот пренесува дека во договорот на Ерлинг
Халанд има откупна клаузула од само 20 милиони евра која може да се активира во
зимскиот преоден рок.
Билд исто така додава дека Борусија Дортмунд се приклучува во трката и сака
да го искористи добриот однос со Мино Рајола за да ја победи конкуренцијата до
потписот на талентираниот голгетер.
Останува да се види дали има вистина во ваквите гласини со оглед на тоа
дека се шпекулираше дека сестринскиот клуб на Салцбург, РБ Лајпциг има опција
да го купи Ерлинг Халанд за 30 милиони евра, но гласините беа демантирани.