Поранешниот
фудбалер на Барселона, Емануел Пети откри дека се соочил со расизам во
соблекувалната на Каталонците во периодот минат на „Камп Ноу“.
Французинот
направи трансфер во Барселона во 2000. година, а таму остана само една година,
по што следеше трансфер во Челси, тој во интервју за „РМЦ“ го сподели
искуството од периодот минат во дресот на Каталонците.
„Се соочив со
расизам, тоа го доживеав во соблекувалната на тимот, можеби изгледа шокирачки,
меѓутоа тоа им се случило на сите, иако кон некој сигурно било на некое пониско
ниво“ вели Пети.
Тој додава дека
во соблекувалната на тимот од „Камп Ноу“ имало војна помеѓу групи на фудбалери.
„Во Барселона
пристигнав во еден мошне лош период, постоеше војна во соблекувалната на тимот
помеѓу Каталонците и Холанѓаните, исто така го имавме Сера Ферер како тренер, а
тој пак, немаше доволно енергија ниту пак харизма да го менаџира тој тим“
додава Французинот.
„Национализмот е
близу расизмот, кога пристигнав таму ми рекоа да не учам Шпански, туку
Каталонски, им реков дека бев во Шпанија, тие ми возвратија дека сум во
Каталонија“ алудира Петит на политичкото прашање кое и денеска ја разбранува
јавноста.
„Се будев со тие
работи, кога луѓето се идентификуваат со нешто, тие се мошне блиску до расизам“
заклучи Петит.