Мурињо поразен на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед го победи Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер јунајтед како да беа дополнително мотивирани од доаѓањето на нивниот поранешен терен, одиграа одличен меч и заслужено дојдоа до голем триумф.

Резултатот беше отворен уште во шестата минута кога Рашфорд погоди за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.

И покрај водството тимот на Солшер доминираше и создаваше шанси за поголемо водство, но на пет минути до крајот на првото полувреме Деле Али даде гол за израмнување на 1-1.

Но брзо во вториот гол Манчестер јунајтед го врати водството, во 49. минута Рашфорд од пенал погоди за 2-1 што беше и конечен резултат.

Манчестер јунајтед заслужено победи и го помина Тотнем на табелата.

Челси со 2-1 ја совлада Астон Вила, Абрахам и Маунт ги постигнаа головите за Сините, Трезеге стрелаше за гостите.

Лестер со голови на Варди и Медисон со 2-0 го победи Ватгорд.

Саутемптон со 2-1 го победи Норич, а Волвс со 2-0 беше подобар од Вест Хем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×