„Франс фудбал“ има определено спортски новинари од сите земји кои гласаат во изборот за „Златната топка“, но од сите нив најмногу двои Хафиз Марикар од Шри Ланка.
Оваа година во неговите топ пет играчи ги немаше ниту Меси, ниту Ван Дајк, ниту Роналдо. Тој сметаше дека „Златната топка“ требало да ја добие Александер Арнолд од Ливерпул, а гласал уште и за Обамејанг, Гризман, Левандовски и Тер Штеген.
Меси не добил од него нути еден глас во изминатите години. Во 2018 година негов избор биле: Азар, Фирмино, Погба, Кристијано Роналдо и Кејн. А во 2017: Бонучи, Де Хеа, Фалкао, Азар и Кејн.
Гледајќи ги гласовите логично е да се претпостави дека Хафиз Марикар си игра мајтап со „Златната топка“, а можеби има само некои други критериуми за најдобар играч.
