Герет Бејл од 2007 до 2013 беше член на Тотнем, тој се поврзува со враќање во клубот откако Мурињо го презема кормилото.
„Мислам дека Мурињо е сериски победник. Тотнем сака да освојува титули и не знам дали има подобар тренер од Мурињо за да му донесе на тимот некој трофеј“, вели Бејл.
Мурињо го посакуваше Бејл уште додека беше тренер на Манчестер јунајтед. На пријателски меч во 2017 години Мурињо беше фатен како му шепна на Бејл „Не можам да те купам доколку молчиш“. Тоа значеше дека Велшанецот треба да изрази желба да си замине од Реал Мадрид, но тој не го правеше тоа.
Сега ситуацијата е поинаква, Бејл не е омилен кај Зидан, а ги разочара и навивачите со знамето на кое прво го става голфот а потоа Реал Мадрид.
Тешко е за верување дека Бејл во јануари би се преселил во Тотнем, но реална е можноста тоа да се случи во јуни.