„Скај Спорт“ од
Италија известува дека Манчестер Сити има голем интерес за напаѓачот на Интер,
Лаутаро Мартинез, кој се идентификува како можен наследник на Серхио Агуеро во
тимот на англискиот првак.
22 годишниот Аргентинец
игра во фантастична форма, а неговите перформанси донесоа голем интерес од
гигантите низ Европа, па така не е само Манчестер Сити, се верува дека техничкиот
директор на Барселона, Ерик Абидал веќе го потврдил интересот на Каталонците за
Лаутаро.
„Скај Спорт“
тврди дека Пеп Гвардиола во Лаутаро гледа идеален наследник на Агуеро, и покрај
фактот што во својот тим го има Жесус, Агуеро има важечки договор со „Граѓаните“
до 2021. година, меѓутоа тимот од Манчестер јасно е дека посакува уште од сега
да го реши прашањето за во иднина за таа позиција.
Како и да е,
Барселона сигурно нема лесно да се откаже од трката за потписот на
Аргентинецот, дека е така потврдува и една изјава на Абидал.
„Да, тој е
комплетен фудбалер, мислам дека има перформанси на едно доста високо ниво“ рече
техничкиот директор на Каталонците на прашањето какво е мислењето за Лаутаро.
„Тој е фудбалер
кого ние мошне добро го познаваме, има и други фудбалери на таа позиција со
голем потенцијал и квалитет, јас ја познавам добро Барса, знам како тече
адаптацијата во тој клуб“ додаде тој.
Сепак, медиумите
истовремено известуваат дека не постојат сомнежи околу тоа дека шефот на
стручниот штаб на Интер, Антонио Конте има голема желба да го задржи Лаутаро во
својот состав, со оглед на фактот што двоецот во нападот Лаутаро-Лукаку
функционира одлично засега.