Марсијал признава дека мора да се докаже, доколку игра вечерва, има шанса за слатка одмазда против Мурињо

by
1 минути читање

Ентони Марсијал
признава дека мора да се подобри себе си како напаѓач, доколку посакува да се
рангира помеѓу најдобрите во Премиерлига, Манчестер јунајтед ја победи големата
конкуренција за неговиот потпис во 2015. година, меѓутоа самиот Марсијал барем
досега не успеа да ги оправда големите очекувања од него.

Оваа сезона,
Марсијал настапува како осамен во нападот на Манчестер јунајтед, барем таква е
замислата на тренерот Оле Гунар Солшер кој има голема доверба во Французинот,
меѓутоа самиот Марсијал признава дека мора подобро.

Кога пристигнав
во клубот, бев само еден млад фудбалер, се уште немам бенефит од тоа да изиграм
целосна сезона како професионален фудбалер во првиот состав во моите нозе

говори
23 годишниот Марсијал.

Сепак, ова е
мојата петта сезона во клубот, а со самото тоа едноставно морам да се докажам,
а воедно и да покажам дека прераснав во фудбалер кој е еден од најдобрите
напаѓачи во Премиерлигата
“ додава Французинот.

Кога дојдов тука
бев само едно младо момче, сега сум дораснат и станав многу позрела особа, се
чувствувам многу подобро“ заклучи напаѓачот на „Црвените ѓаволи
“ кој вечерва ќе
има посебни мотиви во дуелот со Тотнем.

Кога пристигна во
Манчестер јунајтед, Марсијал имаше само 19 години, беше предводен од Ван Гал,
инаку трансферот на Французинот (58 милиони фунти) беше третиот дотогаш најскап
трансфер во историјата на клубот.

Кариерата на
Марсијал своевремено „страдаше“ во периодот кога Жозе Мурињо го наследи Ван Гал
на клупата на Манчестер јунајтед, а со тоа вечерва Французинот има можност за
слатка одмазда кон Португалецот.

Сепак, мора да наведеме дека медиумите на Островот наведуваат дека во последниот меч против Астон Вила, Марсијал се здобил и со повреда, а поради истата е под знак прашалник неговиот настап вечерва во дербито.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×