Според
информациите кои ги објави белгискиот весник „Хет Њувсблед“, се вели дека Интер
силно посакува во Милано да го доведе офанзивецот на Наполи, Дрис Мертенс, а со
тоа истиот да му стане соиграч на својот сонародник Ромелу Лукаку.
Белгискиот весник
додава дека предводникот на Интер, Антонио Конте го посакувал Мертенс уште во
периодот кога го предводеше Челси, а воедно искусниот италијански фудбалски
стратег долго време е обожовател на играта на Белгиецот.
Актуелниот
важечки договор на 32 годишниот Мертенс истекува идното лето, а според
актуелната ситуација во Наполи, се чини дека не постои интерес од обете страни
за продолжување на соработката, токму Мертенс се наведуваше дека е еден од оние
фудбалери кои се на „црната листа“ во клубот, односно се на излезна врата.
Весникот
истовремено информира дека Мертенс посакува да остане во Италија, што
дополнително ја отвора можноста за трансфер во Интер, а доколку не се случи
нешто посебно во јануарскиот преоден рок, тој ќе има можност да почне со преговори
со „Нероаѕурите“ за трансфер како слободен агент идното лето.
Не е изненадување
тоа што во Интер се во потрага по засилување во нападот, веројатно најголемата
причина за тоа е големиот интерес за Лаутаро Мартинез, откако аргентинскиот
напаѓач извесен период се поврзува со Барселона и Манчестер Сити, клубови кои
во него гледаат наследник на Луис Суарез, односно Серхио Агуеро.
Conte wants Mertens? https://t.co/pha5KisbZZ
— newinformers (@newinformers) December 4, 2019