199
Италијанските медиуми утринава повторно пишуваат за Дејан Кулушевски.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Интер и Јувентус се сериозно заинтересирани за фудбалерот на Аталанта кој оваа сезона импресионира во дресот на Парма каде игра на позајмица.
Но, италијанските гиганти не се единствените заинтересирани за несудениот македонски репрезентативец. Италијанскиот весник тврди дека Ливерпул испраќа скаути да го следат Кулушевски на мечот меѓу Милан и Парма.
Аталанта бара најмалку 40 милиони евра за 19 годишниот фудбалер, но големиот интерес може и да му ја зголеми цената на пазарот.
БетАдриа викенд типови: Валенсија и Виљареал, само еден тим ќе дава голови