Проблеми за Клоп, повредата на Фабињо воопшто не е наивна

by
1 минути читање

Големи проблеми
за Јирген Клоп во пресрет на бурниот период за Ливерпул, фудбалерот од средниот
ред на европскиот првак, Фабињо ќе отсуствува до крајот на актуелната година
откако се здоби со повреда на мечот против Наполи во Лигата на шампионите оваа
седмица.

Бразилецот беше
повлечен од игра по само 19 минути на теренот, а во клупското соопштение се
вели дека тој дефинитивно има повреда на скочниот зглоб која не е баш пријатна,
па така од Ливерпул информираат дека Фабињо ќе отсуствува до крајот на
актуелната година.

Да се загуби
фудбалер со квалитет како на Фабињо е голема загуба за нас, ова се лоши вести,
се уште не сме сигурни, меѓутоа се чини дека тој нема да биде во комбинација за
натпреварите за Божиќ
“ рече Клоп потоа додаде дека Бразилецот ќе биде заменет
со адекватна замена на терените.

На Ливерпул му
претстои доста бурен период, „Редсите“ имаат дури 11 меча во наредните 34
денови во Премиерлигата, Лигата на шампионите, Карабао Купот, како и клупското
Светско првенство.

Тимот на Клоп во
моментов е лидер во Премиерлигата, а претстојниов викенд на домашен терен го
пречекува Брајтон, натпревар на кој Фабињо беше суспендиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×