Михајловиќ со солзи во очите: Им благодарам на сите за поддршката која ми ја даваа, имам ангели чувари

by
1 минути читање

Синиша Михајловиќ на прес конференција им се заблагодари на сите кои му помагаа во изминатиот период.

„Ви благодарам на сите што дојдовте, знам дека сакавте да бидете и повеќе, но ви благодарам што ја почитувавте мојата состојба и подобро е да избегнувам гужви. Последен пат зборував на 13 јули кога ја соопштив мојата болест, сега сакам да ја објаснам мојата здравствена состојба, но прво сакам да им се заблагодарам на сите доктори кои ми даваа поддршка, никој повеќе од нив не знае колку е тешко да се соочите со оваа болест. Сакам да им се заблагодарам на сите нив, без нивната помош никогаш немаше да го поминам овој пат кој мислам дека оди многу добро. Им благодарам на сите, од докторите до сестрите. Најдов ангели чувари кои ми помогнаа психолошки“, вели Михајловиќ.

„Плачев во изминатите четири месеци, и веќе сум уморен од плачење. Им благодарам на сите за поддршката, се почувствував како дел од едно големо семејство на навивачи, клубови и фудбалери. Сега сакам да ја вратиме Болоња на резултатите од минатата сезона и на оние седум меча кои ги одигравме добро во овој период“.

Болоња во изминатиот период имаше лоши резултати, во моментов е на 15. место со 13 бодови. Михајловиќ полека треба да се враќа на тренерските обврски но паралелно да внимава на инструкциите од докторите до комплетно заздравување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×