Калум Хајнес, детето кое собира топки, со својата брза реакција има огромна заслуга за вториот гол на Тотнем. По постигнатиот гол Мурињо отиде кај него и му честиташе.
Португалецот преку медиумите го пофали момечто, а сега тоа даде изјава во медиумите.
„Се беше малку нереално. Јас си ја работев работата“, вели Калум Хејнес.
„Бев зафатен земајќи ја топката која излезе од теренот и потоа слушнав радување, се свртев и видов дека Хари слави“.
„Ја видов повторената снимка на екранот и видов точно што се случи“.
„Жозе не мораше да го направи тоа. Тоа беше навистина убаво од него што дојде кај мене“.
„Ми го направи денот, животот, навистина! Ги сакам Спарс и тоа беше неверојатен момент кој никогаш нема да го заборавам“.