Болна елиминација, Партизан со играч повеќе прими два гола за пет минути во финишот од мечот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Црно-белите“
мораа да триумфираат на гостувањето во Холандија за да ги задржат шансите за
нок-аут фаза. И натпреварот почна одлично за Партизан, Асано погоди за 0-1 во
16. минута, а десет минути подоцна Сума донесе предност од 0-2.

АЗ Алкмар јалово
се обидуваше да се врати во игра, а домаќините во 84. минута останаа со играч
помалку откако Боаду заработи втор жолт картон. Но потоа следуваше драма, Друијф
намали на 1-2, во 88. минута за истиот играч во втората минута од судиското
надополнување да стрела по втор пат за 2-2 и елиминација на Партизан.

Брага и
Вулверхемптон одиграа 1-1, резултат кој значеше дека двете екипи одат во
шестнаесетфинале. Пласман во нок-аут фазата обезбеди и Волфзбург со триумф од
0-1 на гостувањето кај Олексндрија, а значен исчекор направија и Рома и
Борусија Менхенгладба со триумф кај Басакшехир односно Волфзбергер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×