Анчелоти за шпекулациите со Арсенал: Имам бела коса и искуство

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти се изнасмеа на шпекулациите кои
извесен период го поврзуваат со клупата на Арсенал, каде отказ му се заканува на
Унаи Емери.

Анчелоти
претходно беше поврзуван и со Тотнем, односно како наследник на Маурицио
Покетино, меѓутоа, таа позиција по отказот за Аргентинецот ја презеде Жозе
Мурињо.

Како и да е,
искусниот италијански фудбалски стратег во изјава за „БТ Спорт“ посочи дека
останува на клупата на Наполи, и покрај турбулентниот период во тој клуб.

Останувам во
Наполи, секако…
“ рече Анчелоти.

Во однос на
приказните со Арсенал, тоа се шпекулации! Имам бела коса и искуство, во овие
моменти тоа се само шпекулации
“ додаде Италијанецот кому наводно од првиот
човек на клубот веќе му е даден ултиматум за да остане на клупата на Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×