Возбудливо реми на Местаља, Валенсија и Челси ги победлија бодовите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Резултатот беше отворен во 40. минута кога Солер постигна гол за водство на Валенсија од 1-0, но веќе во следната минута Ковачиќ го изедначи резултатот на 1-1.

По пет минути игра во второто полувреме Пулишиќ реализираше за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1.

Во 65. минута пенал за Валенсија, Парехо не успеа да реализира, неговиот шут го одбрани Кепа Аризабалага.

Во 82. минута идејата на Вас беше да испрати центаршут, но топката заврши во мрежата на Челси за израмнување на 2-2.

Двете екипи до последното коло ќе се борат за пласман во осминафиналето.

Зенит освои три големи бода против Лион победувајќи го со 2-0. Ѕјуба пред крајот на првото полувреме го отвори мечот, Оздоев во финишот само ја завери победата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×