Лавеци се наполни со пари во Кина па на 34 години рече: Доста е!

by
1 минути читање

Напаѓачот во 2016 го напушти ПСЖ и се пресели во Кина, астрономските плати кои ги даваа клубовите од Далечниот Исток го привлекоа Аргентинецот.

Документите до кои дојде „Фудбал Ликс“ покажуваа дека Езекиел Лавеци има годишна плата од 36 милиони евра, па не е чудно што тој реши да замине од Париз за авантура во Хебеј Чајна Форчун.

Па откако се наполни со пари за четири години, тој реши да стави крај на кариерата на 34 години. По крајот на денешниот дуел со Гуангжу Евергранде, на кој постигна погодок, Езекиел Лавеци откри дека ова му е последен натпревар.

„Овој натпревар ќе го паметам засекогаш, ќе ми биде последен во кариерата. Сакам да уживам со семејството, да поминам повеќе време со сопругата и детето. Ова е право време, одлуката која ја донесов практично е 100% конечна“ – рече Аргентинецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×