617
„Тутоспорт“ по 17. пат ја доделува наградата „Златно момче“ за најдобриот фудбалер во светот под 21 година. Наградата ќе биде доделена на гала церемонија на 16. декември, но весникот уште сега го соопшти името на победникот.
Оваа година наградата ја добива новата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.
Тој со 332 поени ги победи Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд (175) и Каи Хавертц од Баер Леверкузен (75).
Гласачкото тело го сочинуваат 40 спортски новинари од реномирани светски медиуми, дури на 25 од нив прв избор им бил Жоао Феликс.
Минатата година оваа награда ја освои Де Лихт, а во 2017 Килијан Мбапе.