273
Пред да почне натпреварот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ, Марсело откако дозна дека Нејмар е на клупата му рече: „Подобар си од Мбапе!“, а доби поддршка и од Касемиро.
Камерите на „Мувистар“ го уловија тој момент, а медиумите почнаа различно да го толкуваат.
Сепак сите се сложни во едно, Нејмар нема уште долго да биде во ПСЖ, неговата нова состојба во која го губи стартното место е само уште еден момент кој треба да го забрза неговото заминување од Франција.