145
За прв пат оваа
сезона Реал Мадрид целосно го распродаде „Сантијаго Бернабеу“, а тоа шпанскиот
гигант го стори за вечерашниот дуел пред своја публика против ПСЖ во петтото,
претпоследно коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
„Марка“ извести
дека ПСЖ ќе има голема поддршка на гостувањето во Шпанија, а францускиот првак
ќе биде бодрен од околу 3,000 навивачи, тие веќе се „загреани“, а од тоа што
можеме да го забележиме направија добра атмосфера низ улиците на шпанската
престолнина…
class="twitter-tweet" data-lang="en">
ПСЖ е лидер во
групата „А“ со освоени максимални 12 бода досега, Реал Мадрид е втор со пет
бода заостанување зад францускиот првак.