Шпанскиот весник
„Марка“ тврди дека Мауро Икарди се обидел да издејствува за трансфер во Реал
Мадрид во 2017., но и 2018. година, меѓутоа „Кралскиот клуб“ се сомневал во
карактерот на аргентинскиот напаѓач.
Икарди изминатиот
летен преоден рок си замина од Интер и премина во редовите на ПСЖ каде во
моментов настапува на позајмица, засега на Аргентинецот добро му оди, досега
постигна 10 погодоци во 11 натпревари.
Во ПСЖ сигурно се
надеваат дека добрата форма Аргентинецот ќе ја круниса и со некој погодок во
мрежата на Реал Мадрид, a токму
дуелот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ е дерби на денот во денешните осум натпревари
од првата фаза во петтото, претпоследно коло од групната фаза во Лигата на
шампионите.
Според
информациите кои ги објави „Марка“, се вели дека вечерва Икарди можел да биде
во дресот на Реал Мадрид, откако неговиот агент, а воедно и сопруга, Ванда Нара
имала преговори со „Кралевите“ во периодот кој го споменавме нешто погоре во
веста.
Како и да е,
првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез се повлекол од било каква можност
да падне договор помеѓу обете страни, тој наводно имал загриженост поради
карактерот на Икарди.
Познато е сето
тоа што се случи со Икарди кој несомнено притискаше за трансфер, Интер веднаш
возврати и му ја одзеде капитентската лента, по што самиот фудбалер реши да
возврати во иста мера, па „лажираше“ повреди и отсуствуваше извесен период од
терените.