Мурињо го пофали Покетино, но додаде: Никој не ги памети второпласираните…

by
1 минути читање

Жозе Мурињо тргна
со победа на гостувањето кај Вест Хем (2-3) во рамките на 13 коло од
Премиерлигата на неговото деби на клупата на Тотнем, вечерва португалскиот
фудбалски стратег со новиот тим ќе дебитира и во Лигата на шампионите.

Тотнем вечерва на
домашен терен го пречекува Олимпијакос во рамките на петтото, претпоследно коло
од групната фаза во Лигата на шампионите, а тимот од Лондон барем засега е во
поволна ситуација во групата „Б“, евентуална победа ќе значи и дефинитивно
место во нокаут фазата.

Говорејќи на
пресконференцијата во пресрет на мечот против грчкиот тим, Мурињо го пофали
својот претходник на клупата на Тотнем, Маурицио Покетино, кој лани успеа да го
предводи тој состав до финалето од Лигата на шампионите, каде загуби од
Ливерпул, а Португалецот сепак на крајот подвлече дека никој не памети
второпласираните, алудирајќи на тоа дека само победникот остава впечаток на
крајот.

Во однос на
случајот со Спарси од ланската сезона, само фактот што успеаа да се пласираат
во големото финале е големо достигнување, немам никакво сомневање во тоа, да
влезете во тоа финале е големо достигнување, но тоа не е историја, историјата е
да се победува
“ рече Мурињо кој го пофали Покетино за големиот успех, меѓутоа
подвлече дека на крајот само победникот ја испишува историјата.

Ние мораме да се
пласираме во нокаут фазата најпрво, тоа е во моментов фокусот, секогаш го велам
тоа, никогаш не сум помислувал на трофејот во 16-финалето, тоа можете да го
размислувате веќе во четвртфиналето, тоа е се уште далеку, меѓутоа со
евентуален пласман помеѓу осумте најдобри, би можеле да размислуваме дека имаме
шанси за такво нешто
“ дополни Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×