164
Атлетико Мадрид вчерва му гостува на Јувентус во меч од Лигата на шампионите. Лани тие со победа од 2-0 допатуваа во Торино но Роналдо со хет-трик го однесе Јувентус во следната рунда.
„Нашите последни спомени од Торино не се позитивни, но сега ќе направиме се за да победиме“, вели Коке.
„Знаеме дека играме против еден од најдобрите тимови. Секој меч е различен, треба да излезете на теренот со желба за победа“.
„Треба да бидеме пофокусирани од минатиот пат кога бевме тука. Трениравме многу добро за овој меч и ќе направиме се за да победиме“.