Симеоне: Роналдо е број 1, голем шампион, неверојатен фудаблер, ја прави разликата но…

by
1 минути читање

Диего Симеоне и
Атлетико Мадрид имаа многу битки со Кристијано Роналдо изминативе години, па
Аргентинецот добро знае каква опасност преставува ЦР7.

Во пресрет на денешното
гостување во Торино, тренерот на „колчонероси“ имаше многу пофални зборови за
Португалецот но нагласи дека ќе играат против Јувентус, тим во кој има голем
број на квалитетни фудбалери.

„Кристијано е
број 1, голем шампион, неверојатен фудбалер кој ја прави разликата. Секогаш прикажувал
одлични партии против нас и ни создавал многу мака. Но ова нема да биде дуел на
Атлетико Мадрид против Роналдо, играме против Јувентус, тим во кој има голем
број на квалитетни фудбалери. Ќе играме на прекрасен стадион, сакаме да се
прикажеме во добро светло па со нетрпение ја чекаме пресметката“
– вели Диего
Симеоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×