527
Мурињо се уште не зборувал со Покетино откако е назначен за нов тренер на Тотнем, но имал муабет со неговиот син кој е во академијата на клубот.
„Не сум зборувал со Покетино бидејќи знам што чувствува тој сега“, вели Мурињо.
„Сум бил на негово место и знам дека е потребен период во кој треба да се процесираат чувствата, да процесираме што ни се случило“.
„Тоа обично трае неколку недели, зависи, две-три, и мислам дека после тоа повторно сме отворени за светот“.
„Сакам да го испочитувам тој период бидејќи знам какво е чувството“.
„Зборував со неговиот син кој игра во нашите млади категории и мислам дека преку неговото момче тој може да ги разбере моите чувства исто така“.