215
Маунт додека бил дел од академијата на Челси, во еден период имал задача и да собира топки на Стемфорд Бриџ.
Тој објаснува како Мурињо им кажувал дека треба да задржуваат време доколку Челси води на мечевите од Лигата на шампионите.
„Кога ќе се навратам на деновите од академијата, прво ми текнува кога бев собирач на топки на натпреварите. Тоа беше голема работа за мене. Беше возбудливо бидејќи не можете да бидете поблиску до теренот од тоа“, вели Маунт.
„Еден момент кој ми остана во глава е кога Челси го водеше Жозе Мурињо. Доколку водевме на натпреварите од Лигата на шампионите тој ќе ни кажеше да ја задржуваме топката, да не ја фрламе многу брзо“.